Оваа пролет, УТМС ги посети матурантите од средните училишта од цела Македонија. При посетите, на идните академски граѓани им беа претставени можностите за студирање на еден од петте факултета на Универзитетот: Факултетот за туризам, Економскиот факултет, Факултетот за менаџмент на човечките ресурси, Факултетот за информатика, и секако Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Методологијата на работа и начинот на студирање на Универзизтетот на матурантите им ги пренесоа нивните идни колеги – нашите студенти.
Активностите што УТМС ги приреди за време на караванот го привлекоа вниманието на присутните матуранти. Особено беа заинтересирани за квалитетот на образованието на Универзитетот, практичната работа во Македонија и во странство и за универзитетската диплома што ја нуди УТМС признаена секаде во светот.
УТМС и оваа академска година им ги отвара своите врати на најдобрите и на сите оние што сакаат квалитетно образование што гарантира иднина!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2058-da-se-prisetime-na-proletniot-karavan-na-utms-vo-srednite-uchilishta-niz-makedonija#sigProIdd56940eed7