На 10 и 11 јуни се одржа 51. Собрание на Европскиот олимписки комитет во Скопје, Македонија. Во рамките на настанот, на кој учествува видни гости од спортскиот и од јавниот живот од светот, се одбележа и 30-годишнината од основањето на Македонскиот олимписки комитет. Настанот се одржа во хотелот Хилтон, а делови од програмата се одвиваа и во хотелот Парк во Скопје.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје го поддржа овој настан обезбедувајќи студенти-волонтери што помогнаа во неговата организација. Во деновите пред и по самиот настан, како и во текот на програмата на настанот, студентите ги пречекуваа гостите и ги насочуваа во нивните дневни обврски. На овој начин тие ја преточуваа теоријата во практика стекнувајќи трајни знаења и давајќи свој придонес во организацијата на настан од ваков ранг.