Универзитетот за туризам и менаџмент на 1-ви Јуни е домаќин на Меѓународниот форум за градоначалници. Овој престижен настан именуван,,Модерна општина“, ги следи актуелните трендови на меѓународно ниво. Целта на овој Форум е да се разменат знаења, мислења и добри практики, со кои би се подобриле перформансите на општините.
,,Да се креираат квалитетни политики што ќе им помогнат на општините да се справат со современите предизвици.
На овој престижен настан, ќе присуствуваат домашни градоначалници, реномирани експерти и градоначалници од европски и светски метрополи. На Форумот ќе учествуваат Жан Ив Ками, Специјалист по меѓународни односи и Специјален советник на градоначалникот на Париз, проф.д-р Карол Јанас, Градоначалник на општина Поважска Бистрица во Република Словачка, Цвика Брот, Градоначалник на оппштина Бат Јам во Израел и Советник на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, Светослав Василев, Заменик-градоначалник на Ќустендил, д-р Андријана Цветковиќ, прв резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија и Директор на Северна Азија на The Economist Group.