На 25 Мај 2022 година, во организација на Центарот за економски политички, анализи и консалтинг – ЦЕПАК, а со поддршка од НАТО од Брисел, се одржа завршната активност во форма на панел дискусија како дел од проектот под наслов “ Визијата за НАТО на младите креатори на промени”.
Во проектот беа вклучени и студенти од УТМС Скопје кои како чесници на овој проект а идни лидери на нашата нација имаа можност да ги споделат и сопствените визии и очекувања како за нашата држава како членка на НАТО така и за нивните идни очекувања од самата алијанса.