Градоначалникот Костадин Костадинов и професор д-р Аце Миленковски, денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Општина Струмица и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Соработката помеѓу двете договорни страни ќе се одвива во повеќе насоки, меѓу кои: партнерство во аплицирање на проекти од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, подобрување на капацитетите на вработените во општината со реализација на обуки и работилници, експертска поддршка во сферата на градење и креирање на атрактивни туристички брендови на ниво на општина Струмица.
Во духот на добрата соработка, ректорот Миленковски додели 15 стипендии за додипломски студии во академската 2022/2023 година.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2025-utms-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-opshtina-strumica-i-dodeli-petnaeset-stipendii#sigProId43ae9afc61