Во среда, на 20.04.2022 година, на Универзитетот за туризам и менаџмент ќе се одржи презентација за можностите за студирање и пракса во странство, кои ги нуди програмата ЕРАЗМУС+.
Презентацијата ќе се одржи во амфитеатарот на универзитетот, со почеток во 11:30 часот, од страна на м-р Александар Богојевски, раководител на одделение за мобилност во областа на високото образование, образование на возрасни и млади во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.