Ректорот на Универзитетот за туризмот и менаџмент Скопје, проф. д-р Аце Миленковски и нашиот магистар по човечки ресурси, а денешен Градоначалникот на Општина Кисела Вода, м-р Орце Ѓорѓиевски потпишаа Меморандум за соработка.
Општина Кисела Вода е местото каде Ректорот го поминал своето детство и гордо денес чекореше по истите улици и паркови запознавајќи го својот тим со детските спомени. Истите спомени ги разменија и со градоначалникот Ѓорѓиевски, со кои си подадоа рака, цврсто убедени дека со овој склучен меморандум за соработка, обострано ќе се работи за создавање на подобра иднина, а воедно и кадри, кои ќе бидат неопходни за квалитетна и достојна иднина за движечката сила на општината, нејзината младина. Оваа своја цел уште денес отпочнува со реализација со петнаесете стипендии кои УТМС ги додели на општина Кисела Вода.
Гордост е кога наши студенти и магистри се толку успешни и добри во својата работа како што е Градоначалникот Ѓорѓиевски за крај рече Ректорот.