Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и Општина Могила денес склучија меморандум за соработка со цел да обезбедат услови за идни партнерства. Официјалниот документ го потпишаа Градоначалниот Драганчо Саботковски и Ректорот на универзитетот проф. д-р Аце Миленковски.
Со овој Меморандум се склучува рамката во која ќе се реализира соработката помеѓу УТМС и Општината Могила со цел за унапредување на едукативните, истражувачките и професионалните активности во областите од заеднички и општ интерес.
За таа цел соработката ја отпочнуваме со доделување на петнаесет стипендии за додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент со кои ќе располага самата општина.