Универзитетот за туризам и менаџмент кој секогаш ги следи потребите на своите студенти по оваа пандемиска состојба ја увиде потребата да овозможи бесплатна психолошка поддршка за своите студенти. Младите лица во ова време на пандемија долго време живееја во услови на социјална дистанцираност и изолација, а сето тоа влијаеше на нивниот психолошки развој. За таа цел денес Ректорот на УТМС проф. д-р Аце Миленковски потпиша меморандум за соработка со м-р Ена Цаневска од Гешталт Институт Скопје.
Со оваа соработка повторно се докажува дека студентите и нивните потреби секогаш се на прво место и од сега секој студент од УТМС кој има потреба да разговара со стручно лице за сите свои предизвици во животот, бесплатно ќе ја имаа таа можност во просториите на УТМС и онлајн за нашите студенти од дисперзирани студии.