Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје и проф. д-р Аце Миленковски и градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески во просториите на општината потпишаа меморандум за деловна соработка.
Со овој меморандум се реализира соработка меѓу УТМС и Општина Прилеп со цел унапредување и зајакнување на едукативните, истражувачките и професионалните активности во областите од општиот интерес на засегнатите страни.
Оваа соработка започна со доделувањето на петнаесет стипендии за идни студенти од самата општина (додипломски студии), а во иднина се продолжува и со други активности.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2004-utms-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-opshtina-prilep-i-dodeli-petnaeset-stipendii#sigProIdb24cc52028
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2004-utms-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-opshtina-prilep-i-dodeli-petnaeset-stipendii#sigProIdb24cc52028