Почитувани студенти,
Сакам лично да ви ја честитам новата 2022 година и од срце да ви испратам неколку значајни пораки.
Првенствено ви посакувам да имате здравје, тоа е основно за да може да ги уживате другите благодети на животот.
Посакувам на почетокот на оваа година да ја запишете сопствената визија за својата иднина за да можете преку јасно разработени чекори да го градите патот кон реализација на својата визија.
Целта е веќе поставена, па затоа ве повикувам да го дизајнирате вашето време кон единствениот пат што води до успехот.
И во новата година ќе има потешкотии, успеси и разочарувања, но ве молам, не запирајте!
Не запирајте кога е тешко, не запирајте кога сте уморни, туку запрете кога ќе завршите!
Конески, Андриќ, Стив Џоб, Елон Маск... Вашите примери нека бидат оние за кои сигурно знаете дека успеале во животот и оставиле длабока трага во нашето цивилизациско опкружување, примери кои ќе ве инспирираат и ќе ви дадат поттик за новиот ден.
Вашата победа нека започне со првиот ден од новата година, со цврста убеденост дека се е возможно.
И кога е тешко, бидете силни, без разлика на ситуациите во кои се наоѓате, гордо исправете се, појавете се и никогаш не се откажувајте!
И не само не се откажувајте, туку ПОБЕДЕТЕ !
Со оваа новогодишна порака, ќе ве препуштам на вашите професори кои дополнително ќе ве охрабрат, мотивираат и инспирираат за заедно да го изодите патот од најубавата фаза на вашите животи !
СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА!!
Ректор
проф. д-р Аце Миленковски