Во рамките на планираните активности на Универзитетот за туризам и менаџмент, ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, одржа средба со студентите со цел да ги информира за квалитетот на методологијата на студирање која ќе им овозможи да се стекнат со конкурентни знаења, вештини и компетенции за успешно интегрирање во деловната заедница и справување со комплексните предизвици во работата. Во тој контекст Ректорот истакна: „Денес сум овде, пред Вас, со цел, да Ве видам и да Ве запознаам сите Вас подобро, како и да Ви ги претставам предностите кои ги дава методологијата на УТМС.“
Во продолжение го приложуваме превземениот текст од импресиите на студентката Ангела Ивановска:
Прва средба од многуте со Ректорот на УТМС
Од луѓето кои имаат големо искуство во животот, треба да се учи и да се црпат сите знаења кои ги имаат и поседуваат, бидејќи тие поминале низ многу животни ситуации кои им помогнале да се издигнат и да се изградат во повредни личности.
Аце Миленковски е личност која поседува во себе многу големо искуство. Како Ректор ни се обрати во рамките на Универзитетот, на сите студенти од фамилијата на УТМС. „Ве подготвуваме, за да бидете квалитетен, компетентен работен кадар“ - со оваа реченица насочи дека сите студенти кои се запишале и завршиле на универзитетот, ќе станат личности кои ќе бидат со доживотни знаења и вештини. Ни даде до знаење дека „на УТМС никогаш не може да се падне“ поради тоа што се работи и учи по светско прифатена методологија - „мерливост на знаења.“ Посочи дека се учи за да се освои знаење, а не оцена.“ Со правење на семинарски и презентирање, се повеќе ќе се мотивираме да изградиме квалитетен јавен настап. Кога ја носиме униформата на УТМС го претставуваме брендот, кој тој го изградил за нашиот Универзитет за туризам и менаџмент.
Треба да го црпиме секое знаење од професорите кои ни го даваат, за да може да излеземе од вратите на УТМС како квалитетен и компетентен кадар. Ми остави голем впечаток реченицата „ќе се гордееме со вас и кога ќе бидете наши алумни,“ сите кои се запишуваат на УТМС стануваат дел од фамилијата. Ова е само почеток на средбите со нашиот Ректор.
Студентка:
Ангела Ивановска
Менаџмент за човечки ресурси
Извор: facebook