Институтот за бизнис и менаџмент при Универзитетот за туризам и менаџмент, во соработка со МЕН – Македонска мрежа на евалуатори, МКА2000 и WBEN – Мрежата на евалуатори на Западен Балкан, на 24.11.2021 година ја организираше Четвртата регионална конференција на евалуаторите на Западен Балкан на тема: „Искуства на евалуацијата во пракса“.
Поради состојбата со Ковид 19 пандемијата, конференцијата беше одржана online, преку платформата ZOOM.
На конференцијата учествуваа академски и експертски имиња од земјата и странство. Преку истражувачки трудови, учесниците се осврнаа на значењето и важноста од примена на евалуацијата при креирање на политики и програми, унапредување на високото образование и професионализација на професијата. Научно-истражувачките трудови ќе бидат објавени во зборникот на конференцијата.