На 17.11.2021 година се одржа седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за туризам на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
На седницата на Одборот, ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски и директорот на агенција за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, д-р Љупчо Јаневски, потпишаа меморандум за соработка со кој се потврди заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на туризмот. Со овој договор ќе се продлабочи соработката помеѓу двете институции и ќе се продолжи со поинтензивна размена на заедничките искуства кои се важни за развој на туристичкиот потенцијал во нашата држава.
На седницата, ректорот Миленковски, му додели благодарница на доајенот на македонскиот туризам и досегашен претседател на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за туризам, г-дин Ангел Иванов за долгогодишна соработка и несебичен професионален ангажман во промовирањето на туризмот во Македонија.
На седницата, м-р Владанка Давковска, беше избрана за нов претседател на Одборот. Членовите беа информирани за современите трендови во туристичкиот сектор и искажани проекции за туризмот во нашата држава. Во продолжение на седницата беше пренесена заложбата на Светската туристичка организација за имплементирање на Глобалниот етички код во туризмот на глобално ниво, како и напорите на УТМС во негова примена во наставната програма на Факултетот за туризам.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1970-odborot-za-sorabotka-i-doverba-so-javnosta-na-fakultetot-za-turizam-na-utms-odrzha-sednica#sigProId6c8a520cb4