По повод Меѓународниот ден на студентите Универзитетот за туризам и менаџмент упати честитка до студентите. УТМС како општествено одговорна високо-образовна институција, упати порака до студентите со која го потенцира нивното значењето како идни академски граѓани кои со своето визионерство, енергичност, проактивност, креативност и одговорно делување ќе придонесат за подобрување на капацитетите на општествената и бизнис заедница и просперитет во сите сегменти на функционирањето. Во тој контекст УТМС перманентно ги поддржува иницијативите на студентите за иновативност преку колаборативна соработка со академскиот кадар и бизнис опкружувањето во функција на градење и одржување партнерски односи кои придонесуваат за постигнување на извонредни академски резултати и стекнување со квалитетни компетенции кои на студентите им обезбедуваат конкурентност на пазарот на трудот и успешно напредување во кариерата.