Извор: Слободен печат
Таеквондистот Дејан Георгиевски, кој на Олимписките игри во Токио кои се одржаа минатиот месец го оствари најголемиот успех од осамостојувањето на Македонија и го освои сребрениот медал, дипломираше на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент.
Георгиевски дипломираше на темата „Менаџирање на човечките ресурси во спортските организации”. Темата која тој ја презентираше претставува синтеза од менаџмент на човечки ресурси и актуелните состојби во спортските организации со посебен осврт на олимписките спортски организации.
По завршување на одбраната на дипломскиот труд, олимпискиот носител на среберениот медал, се стекна со звање: Дипломиран менаџер на човечки ресурси.