Македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот олимписки медал, денес дипломираше на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент.
На одбраната Георгиевски покажа извонредни компетенции кои му овозможија елоквентно и сигурно да ги презентира своите стекнати знаења од областа на менаџментот на човечки ресурси. Темата која тој ја презентираше претставува синтеза од менаџмент на човечки ресурси и актуелните состојби во спортските организации со посебен осврт на олимписките спортски организации.
По завршување на одбраната на дипломскиот труд, олимпискиот носител на среберениот медал, се стекна со звање: Дипломиран менаџер на човечки ресурси. По тој повод, Дејан Георгиевски, истакна дека огромна е честа да се добие знаење од етаблирани и врвни професори кои секогаш го поддржувале и имале разбирање за неговите спортски обврски.
На самиот крај Горгиевски рече: Благодарен сум што уште пред да бидам ова што сум денес, пред да бидам олимпиец, пред три години, мојот талент беше препознаен од ректорот, проф. д-р Аце Миленковски и ми беше доделена стипендија. Среќен сум што не ја изневерив довербата и ветувам дека ова е само една од скалите на мојот образовен успех по кој ќе чекорам.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1953-makedonskiot-olimpiec-dejan-georgievski-diplomec-na-utms#sigProId7823363933