Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски, од свое лично име и од името на вработените упати честитка до граѓаните на Р.С. Македонија по повод одбележувањето на 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј кои со своето дело ги поставија темелите на јазичниот, културниот и духовниот идентитет на македонскиот народ во семејството на словенските народи.