УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ИМАШЕ СВОЕ ИЗЛАГАЊЕ НА ОНЛАЈН СРЕДБАTA ЗА ПРОЕКТОТ СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ДО РИМ ОДРЖАНА НА 24.03.2021

УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ИМАШЕ СВОЕ ИЗЛАГАЊЕ НА ОНЛАЈН СРЕДБАTA ЗА ПРОЕКТОТ СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ДО РИМ ОДРЖАНА НА 24.03.2021

Универзитетот за туризам и менаџмент на 24.03.2021 зема учество на проектот All Routes Lead to Rome. Поради пандемијата на КОВИД-19, состанокот беше реализиран во онлајн форма на основ на агенда развиена и споделена заеднички од страна на сите партнери.

На состанокот, Партнерите дискутираа за почетокот на последната фаза од проектот IO4 – План за тестирање и валидација. Особено, за 18-22 месеци партнерите ќе организираат активности за обука (преку Интернет и face2face) за најмалку 200 лица од целната група. Сите партнери ќе спроведат активности за обука и затоа тие ќе ја интегрираат обуката за РИМСКИ ПАТИШТА во нивните редовни активности и курсеви за претприемништво.

All Routes Lead to Rome е проект кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Комисија, кој вклучува Конзорциум на 8 партнери од 5 земји (Белгија, Италија, Грција, Македонија и Шпанија).

Проектот има за цел да овозможи универзитетските студенти да ги препознаваат и трагаат по најдобрите стратегии за да го зголемат економскиот поврат на античките патни мрежи, да развијат основни и трансверзални вештини како самодоверба, лидерство и способност за работа во групи, решавање на проблеми, совладување на дигитални вештини и познавање на повеќе јазици.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај