На 19-ти февруари 2021 година во Амфитеатарот на УТМС со почитување на Протоколот за работа во услови на Covid-19 пандемијата беа доделени дипломите на студентите од Економскиот факултет.
На свечената промоција обраќање имаше деканот на Економскиот факултет, кој од срце им честита на дипломците и им посака понатамошни професионални успеси.
Дипломираните студенти дадоа свечена заклетва дека ги прифаќаат правата и обврските на академски образовани граѓани кои им припаѓаат со чинот на добивање на нивните дипломи.
УТМС како веќе етаблирана образовна институција перманентно ја промовира моќта и улогата на знаењето, за што сведочат и импозантниот број на дипломирани студенти, високата стапка на вработливост на дипломците како и кариерниот успех на алумните со кои тимот на УТМС се гордее.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1881-dodeleni-diplomite-na-studentite-od-ekonomskiot-fakultet-na-utms#sigProId8e4e3842cc