Денес во Скопје почина г-дин Зоран Росоманов, генерален менаџер на БATO& ДИВАЈН, компанија за високо-технолошко печатење.
По тој повод Ректорот и вработените од Универзитетот за туризам и менаџмент изразуваат длабоко сочуство до семејството.
Г-дин Росоманов беше пред се пријател, но и долгогодишен соработник на Универзитетот за туризам и менаџмент. Тој беше претседател на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Како успешен менаџер на компанија која е меѓународно етаблирана со многубројни награди и признанија, г-дин Росоманов даде огромен, несебичен продонес во креирањето на стратешките приоритети на универзитетот, пред се во сегментот на едуцирање на студентите според потребите на бизнис секторот. Неговото залагање за продуцирање на високо-квалитетни кадри го реализираше со обезбедување на практична настава за студентите од универзитетот.
Неговата смрт ќе остави длабоки празнини не само во деловната заедница и студентската јавност, туку воопшто и во целата општествена јавност.