По повод Меѓународниот ден на студентите Универзитетот за туризам и менаџмент упати честитка до сите студенти. УТМС како општествено одговорна високо-образовна институција го потенцира приоритетното значење на студентите кои како идни академски граѓани со својата проактивност, креативност и одговорно делување треба да дадат свој придонес во подобрување на капацитетите на општествената и бизнис заедница во сите сегменти на функционирањето. Во таа насока УТМС перманентно ги поддржува иницијативите и активностите на студентите во функција на градење и одржување партнерски односи кои придонесуваат за постигнување на високи академски резултати и извонредни компетенции кои на студентите им обезбедуваат висока конкурентност на пазарот на работна сила и загарантирано напредување во кариерата.