IO2 ИЗВЕШТАЈ

IO2 ИЗВЕШТАЈ

МАПИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМНИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА РИМСКИТЕ ПАТИШТА

РЕЗИМЕ

Целта на овој документ „МАПИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМНИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА РИМСКИТЕ ПАТИШТА“ е да се обезбеди целосна слика за степенот на знаење на студентите за римските патишта, нивната свесност за можностите во однос на одржливиот економски раст како и социјалниот развој поврзани со античките римски патишта. Имајќи предвид дека во Европската панорама на културното наследство, римските патишта се особено важни, со овој труд конзорциумот „СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ДО РИМ“ сака да даде јасна идеја за постоечките вештини но и за оние што недостасуваат се со цел да се пополни јазот помеѓу сегашната и посакуваната состојба.

Севкупните резултати од примарното истражување потврдуваат дека има простор за инвестирање во образованието за претприемништво, но најмногу за зајакнување на потенцијалот за римските патишта. Всушност, анализите покажаа неколку образовни потреби што би можеле да бидат исполнети (од бирократски, правни и менаџерски аспекти корисни за водење бизнис до тренинг и обуки за лидерство), како и поспецифични предмети од интерес (на пр. Javellin табела, концепт на висока фреквенција).

Резултатите од секундарното истражување открија дека во моментов има многу римски патишта активни и прекрстени; исто така, тие римски патишта сеуште имаат голем потенцијал да станат важна економска движечка сила и да бидат почетна точка за нови проекти за економски развој, и локално и во транснационална перспектива. Многу луѓе не се свесни за овој потенцијал и овој документ, заедно со материјалите за обука обезбедени од проектот СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ВО РИМ, ќе ја пополнат оваа празнина

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).