Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на 25.06.2020 зема учество во третата проектна средба на проектот All Routes Lead to Rome. Поради пандемијата на КОВИД-19, состанокот, првенствено планиран да се одржи во Овиедо, Шпанија, беше реализиран во онлајн форма на основ на агенда развиена и споделена заеднички од страна на сите партнери.
На состанокот, Партнерите дискутираа за напредокот на проектот и продолжувањето на роковите на Модулот 2. Особено, тие се фокусираа на развивање на содржините во Модул 2.
Понатаму, сите партнери го потврдија својот Модул и се согласија да бидат фокусирани на развој на содржини за IO3.
All Routes Lead to Rome е проект кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Комисија, кој вклучува Конзорциум на 8 партнери од 5 земји (Белгија, Италија, Грција, Македонија и Шпанија).
Проектот има за цел да овозможи универзитетските студенти да ги препознаваат и трагаат по најдобрите стратегии за да го зголемат економскиот поврат на античките патни мрежи, да развијат основни и трансверзални вештини како самодоверба, лидерство и способност за работа во групи, решавање на проблеми, совладување на дигитални вештини и познавање на повеќе јазици.