УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ УЧЕСТВУВАШЕ ВО ОНЛАЈН СРЕДБАТА ALL ROUTES LEAD TO ROME

УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ УЧЕСТВУВАШЕ ВО ОНЛАЈН СРЕДБАТА ALL ROUTES LEAD TO ROME

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на 21.09.2020 зема учество во третата проектна средба на проектот All Routes Lead to Rome. Поради пандемијата на КОВИД-19, состанокот беше реализиран во онлајн форма на основ на агенда развиена и споделена заеднички од страна на сите партнери.

На состанокот, Партнерите дискутираа за напредокот на проектот и продолжувањето на роковите на Модулот 3. Особено, тие се фокусираа на развивање на содржините во Модул 3 и ги донесоа следниве заклучоци:
– Секоја организација да ги провери и преведе содржините за Модул 3 на својот колега
– Превод на Training fiche и презентација– (deadline 15 January ‘21)

All rouads lead to rome IO3


All Routes Lead to Rome е проект кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Комисија, кој вклучува Конзорциум на 8 партнери од 5 земји (Белгија, Италија, Грција, Македонија и Шпанија).

Проектот има за цел да овозможи универзитетските студенти да ги препознаваат и трагаат по најдобрите стратегии за да го зголемат економскиот поврат на античките патни мрежи, да развијат основни и трансверзални вештини како самодоверба, лидерство и способност за работа во групи, решавање на проблеми, совладување на дигитални вештини и познавање на повеќе јазици.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).