НЕЕДНАКВОСТ И ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО МЕРКИТЕ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

НЕЕДНАКВОСТ И ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО МЕРКИТЕ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Конференцијата на приватни високообразовни установи (КПВУ), во која членуваат седум приватни универзитети и три самостојни високи стручни школи, од Владата на Р.С. Македонија бара да се измени Уредбата објавена во “Сл. весник на РСМ“ број 137/2020 согласно која финансиска поддршка можат да имаат САМО редовните студенти на ДРЖАВНИТЕ (ЈАВНИТЕ) универзитети во земјата. Со оваа уредба се ставаат во нерамноправна положба не само приватните високообразовни установи, туку и сите студенти кои студираат на тие установи. На тој начин, се крши неприкосновеното уставно право на студентите да ги имаат истите можности за добивање финансиска помош од државниот буџет во услови на вирусна пандемија и загрозена егзистенција на нивните семејства поради економските последици од здравствената криза, еднакво како и студентите од јавните универзитети.

Во барањето доставено до Владата на Република С. Македонија КПВУ експлицитно бара да бидат опфатени студентите на сите високообразовни установи во РСМ (како државни-јавни, така и приватни), односно СИТЕ студенти од РСМ кои студираат на државните и приватните универзитети и други високообразовни установи напоменувајќи дека ниту Уставот на РСМ ниту законот за високото образование во РСМ не прават разлика во статусот на студент запишан на државен или приватен универзитет и во нивните права кои се стекнуваат согласно Уставот и законите кои важат во РСМ.

Барањето испратено до Владата на Р.С. Македонија можете да го погледнете на следниов линк:  Допис до Владата на Р. С. Македонија

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај