Лоциран зад Соборниот Храм, на вкупна површина од 381 м2 со вкупна инвестиција од 6 милиони и 500 илјади денари е отворен првиот Дневен центар за лицата со Даунов синдром во Македонија. Целата адаптација и опремување на овој Дневен центар е во соработка со повеќе донатори меѓу кои и ЛАЈОНС КЛУБОТ УТМС СКОПЈЕ, комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.
На настанот беа доделени благодарници од страна на Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром. Благодарница за успешна соработка и поддршка доби ЛАЈОНС КЛУБОТ УТМС СКОПЈЕ.
На отварањето присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
View this gallery on Flickr