НАЈАВА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО 2019 НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

НАЈАВА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО 2019 НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

По повод Светскиот ден на културното наследство (World Heritage Day) на 18-ти Април 2019 година, на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје ќе се организира тркалезна маса на тема „Гастрономијата дел од националното културното наследство“. На тркалезната маса ќе учествуваат претставници на академската заедница и туристичкиот сектор од земјата и странство. Главен говорник на настанот ќе биде проф. д-р Слободан Ивановиќ од Р. Хрватска.

Заштитата и чувањето на културното наследство во руралните простори бара колективни напори и заложби на целото општество. Неопходно е туристите и патниците да знаат и да се свесни за начинот на кој може да придонесат за негување на културното наследство.

Светскиот ден на културното наследство се одбележува на 18-ти Април, со цел да се подигне свеста за потребата од заштита и сочувување на историјата, разновидноста и чуствителноста на светското културното наследство. Темата на Светскиот ден на културното наследство во 2019 година е руралниот простор.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај