На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, денес, 10-ти Февруари, 2018 година, раководителот на магистерски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, проф. д-р Александра Стоилкoвска, оствари средба со студентите на втор циклус студии.
Во амфитеатарот на универзитетот, на студентите на последипломски студии, официјално им се обрати раководителот на магистерски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, проф. д-р Александра Стоилкoвска. Во своето обраќање раководителот на втор циклус студии, посебно ја истакна посветеноста на наставниот кадар во реализацијата на квалитетна настава со примена на методологијата на студирање по кредит трансфер системот на Болоњската декларација, потенцирајќи ја уникатноста на УТМС како единствен универзитет кој доследно го спроведува ЕКТС системот на студирање. Во понатамошното излагање, раководителот на втор циклус студии истакна дека студентите ќе се стекнат со конкурентни компетенции кои ќе им овозможат активно и престижно напредување во професионалните кариери.
Во понатамошниот тек на средбата свое интерактивно обраќање имаше, раководителот на докторски студии на УТМС, проф. д-р Зоран Ивановиќ, кој апликативно ја презентираше методологијата на студирање по ЕКТС системот, при што посебно го потенцира фактот дека за време на студирањето нивниот фокус ќе биде на стекнување академски знаења, компетенции и вештини, но дека истовремено ќе се оспособат и за научно-истражувачка работа. Во тој сегмент УТМС има меѓународно призната референца, тоа е меѓународното научно списание „UTMS JOURNAL OF ECONOMICS“ кое го уредува и издава УТМС, научно списание кое е влезено во престижни меѓународни бази на научни списанија.
По официјалната средбата, студентите од сите факултети на универзитетот присуствуваа на предавањето на проф. д-р Зоран Ивановиќ по предметот „Методологија на научно истражувачка работа“.