Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје предводен од проф. д-р Сашко Граматниковски од Факултетот за туризам и асистент м-р Горан Апостоловски, присуствуваа на Дванаесеттото државно првенство на бармени на Република северна Македонија кое се одржа на ден 26-27.03.2019 година во кафе барот SU во Охрид.
На оваа манифестација Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, зема активно учество на повеќе нивоа. Во својство на членови на жири комисијата, која што ги оценуваше учесниците во подготовка на коктели, во сите дисциплини, учествуваа проф. д-р Сашко Граматниковски и асистент м-р Горан Апостоловски.
Првото место на 12-тото Државно првеснство го освои Васил Пеевски, кој воедно ќе ја претставува земјава во Кина на World Cocktail Competition. Второпласиран беше Љубен Богдански, а на третата позиција се пласира охриѓанецот Даниел Новиќ, за коктелот „Fruti bubbles“.
Организацијата на ова првенство беше беспрекорна, за што сведочеа и огромниот број на посетители. На победникот Васил Пеевски му посакуваме многу успех и среќа на Светското првенство на бармени.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1506-barmeni-2019#sigProId4d6ad8de64