ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС УЧЕСНИЦИ НА СЕМИНАР ОРГАНИЗИРАН ОД ЦЕПАК, ПОДДРЖАН ОД НАТО

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС УЧЕСНИЦИ НА СЕМИНАР ОРГАНИЗИРАН ОД ЦЕПАК, ПОДДРЖАН ОД НАТО

Студенти од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје учествуваат на дводневен семинар организиран од Центар за економски политички, анализи и консалтинг, кој беше поддржан од НАТО Дивизијата за јавна дипломатија од Брисел, “Локалните младински совети ќе раководат”, на која учествуваа претставници – млади од младинските совети/организации од целата држава.

Посебно беше изразена позитивната слика од семинарот, од причина што учесниците изразија задоволство од можноста за учество и потребата од информации за НАТО на локално ниво.

На семинарот пред присутните се обратија; заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, поранешниот министер за одбрана/ локална самоуправа Зоран Коњановски, Зоран Секуловски, д-р Валентина Муцунска Палевска, професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Александра Дичевска и Настасија Стојановиќ.

На дводневниот семинар “Локалните младински совети ќе раководат” од страна на предавачите беа обработени темите: Реалните очекувања на младите од членството во НАТО, развој на комуникациски вештини во процесот на подигање на јавната свест/факти за НАТО на локално ниво, легални аспекти и менаџирање на локалните младински организации и нивната инфраструктура , патот на нашата држава за полноправно членство во НАТО, по што следуваа и панел дискуси.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).