Денес 25.12.2018 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски го посети Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Со ректорот на универзитетот, Проф. д-р Аце Миленковски разменија искуства за високото образование во републиката и се согласија дека на македонското образование му се потребни реформи и нови законски решенија како би се доближило до образовните системи на Европската Унија, Америка и светот воопшто.
Видно расположени и задоволни од остварената средба направија обиколка на универзитетските простории каде Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски се запозна со дел од академскиот кадар на универзитетот.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1428-mickoski-vo-poseta-na-utms#sigProIdd8a8294162
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1428-mickoski-vo-poseta-na-utms#sigProIdd8a8294162