УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ, ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНОТО „ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2018”

УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ, ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНОТО „ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2018”

Манифестацијата „Признание за македонски квалитет“ во организација на Сојузот на стопански комори на Република Македонија, под покровителство на кабинетот на Претседателот на Република Македонија, се одржува секоја година во знак на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските компании за тековната година, особено за компании кои имаат традиција за создавање на македонски квалитет.

Оваа година признанието за квалитет се доделува на компании кои покажуваат континуиран развој на стандардите за унапредување на човечките ресурси и унапредување на компаниите, компании и институции кои спроведуваат иновативни практики во начинот на работа, генерираат иницијативи за зачувување на македонската традиција, имаат изразено чувство за општестевена одговорност и претставуваат добар деловен пример за поттик за развој и придонесуваат за раст на економијата на национално ниво.

Согласно воспоставените критериуми беа доделени 10 признанија за Македонски квалитет за 2018 година. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е меѓу десетте најуспешни компании и добитник на овогодинешното Признание за македонски квалитет 2018.

На свеченоста организирана по тој повод, присуствуваше делегација од УТМС предводена од ректорот на УТМС, проф.д-р Аце Миленковски, во состав: генералниот секретар Зоран Ѓорѓески, деканот на Факултетот за туризам, проф. д-р Сашко Граматниковски, раководителот на Департманот за обезбедување и контрола на квалитет, м-р Цветанка Велкоска, Љупчо Миленковски, Горан Каровски, Драги Илиевски и гостин на УТМС, проф. д-р Миколај Кузиновски.

Наградата доделена од Претседателот на Република Македонија Н. Е. д-р Ѓорге Иванов, во име на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ја прими ректорот на универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски, кој во своето обраќање ја потенцираше посветеноста на сите вработени на универзитетот во следење и унапредување на високите стандарди за квалитет во високото образование и зајакнување на културата на квалитет во сите сегменти на работењето на универзитетот.

„Признание за македонски квалитет 2018” освен Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје добија и: „Ансамбл Студио Фолклор”, „Адора Инженеринг”, „Тинекс”, „Рафајловски Консалтинг”, „Специјал Продукт”, „Ендомак, Митковски ММ”, „Греемак Гроуп”, „Бироком”.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај