ДЕЛЕГАЦИЈА ОД УТМС УЧЕСНИК НА ВТОРИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС ЗА СВЕТСКИ ЦИВИЛИЗАЦИИ И ИСТОРИСКИ ПАТУВАЊА

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД УТМС УЧЕСНИК НА ВТОРИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС ЗА СВЕТСКИ ЦИВИЛИЗАЦИИ И ИСТОРИСКИ ПАТУВАЊА

Во организација на Светската туристичка организација (UNWTO) и Министерството за туризам на Република Бугарија на 15-ти и 16-ти ноември во Софија се одржува Вториот меѓународен конгрес за светски цивилизации и историски патувања. На овој настан учествува и делегација од Универзитетот за туризам и менаџмент составена од ректорот, проф. д-р Аце Миленковски и деканот на Факултетот за туризам, проф. д-р Сашко Граматниковски.

Културното наследство лежи во срцето на колективната меморија и идентитетот на граѓаните на светот. Дестинациите кои изобилуваат со археолошки локалитети, античка архитектура, фолклорни традиции и уметност и кои се наоѓаат по овие антички рути, можат да ја преземат улогата на катализатори за размена на искуства меѓу народите и културите преку развој на туризмот, а со тоа промовирање на одржлив раст, просперитет и мир во нивните сопствени региони.

Конгресот ги испитува можните начини на кои светските цивилизации би можеле да се оживеат преку туризмот, особено користејќи ги мрежите развиени по историски правци. Конгресот, исто така, се фокусира на посочувањето на тоа како туризмот по овие рути може да игра водечка улога во креирањето на нови социо-економски можности за развој на локално, регионално и национално ниво, притоа зачувувајќи и промовирајќи видливо и нематеријално античко наследство.

На маргините на конгресот, претставниците на УТМС имаа средби со министерот за туризам на Република Бугарија, Николина Ангелкова, заменик на генералниот секретар на Светската туристичка организација Jaime Alberto Cabal, како и првиот секретар на Индонезиската амбасада во Република Бугарија, г-ѓа Софија Нурул.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај