УТМС ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КВАЛИТЕТОТ

УТМС ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КВАЛИТЕТОТ

На светскиот ден на квалитетот, пораката на УТМС е: Универзитетите треба да промовираат доверба дека придонесуваат за успех на денешните и идните генерации.

Мотото на овогодинешното одбележување на светскиот ден на квалитетот е „КВАЛИТЕТ: Прашање на ДОВЕРБА“.

На овој ден Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје (УТМС) ги промовира унапредувањата и достигнувањата во областа на квалитетот, како и придонесот на сите вработени во развојот на културата на квалитетот во целокупното работење на универзитетот. Денес, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, испраќа силна порака за подигнување на свесноста за придобивките од имплементација и просперитет на програмите за обезбедување и оценување на квалитетот во функција на зголемување и развој на меѓусебната довербата со студентите и општествената јавност.

Во рамките на работата на Департманот за обезбедување и контрола на квалитет на универзитетот, 2018 година е одбележана со активности за подготовка на универзитетот за спроведување на надворешна евалуација на организацискиот менаџмент, наставата, учењето, истражувањето, развојот, креативните активности и општествената оправданост, согласно водичот „Стандарди и насоки за обезбедување на квалитет во европскиот високо образовен простор“ (Standards and Guidelines for Quality Assurance in the European Higher Education Area - ESG, 2015).

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје (УТМС) во континуитет ги следи светските практики за обезбедување на квалитет и затоа е препознатлив во јавноста со својата репутација и кредибилитет, посветеноста на стратешкиот развој и оперативното планирање низ процесот на евалуација и акредитација, максимализација на вредностите кои ги нуди на студентите и општествената зедница, начинот на кој обезбедува продуктивност и профитабилност и проактивниот пристап во следење и имплементирање на барањата и очекувањата на сите заинтересирани страни, за што сведочат бројните национални и меѓународни признанија.

УТМС има стратегија со проактивен пристап преку преземање превентивни активности кои на универзитетот му овозможуваат креирање современи студиски програми и наставни предмети базирани на докази од респектибилни практики и следење на трендовите за вработување со силен фокус на дисциплинарни и мултидисциплинарни знаења кои ги задоволуваат потребите за напредни вештини, навремено генерирање на бараните компетенции и вредности, редукција на трошоците за неквалитет во работењето, забележителни резултати во областа на научите истражувања, како и позитивни резултати при вработувањата на дипломираните студенти во рамките на нивните професионални знаења и вештини.

Менаџментот и наставниот кадар на УТМС се мотивирани и го поддржуваат и развиваат критичкиот и независниот став на студентите, ги стимулираат студентите на иновативни размислувања, а преку интеграција на дигиталната писменост, информатичкото и комуникациското знаење и поттикнување на некогнитивните вештини им помогнат на сите студенти да се развијат со својот целосен потенцијал.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).