Профил на современ директор на воспитно-образовни институциии.
Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје на 21.10.2015 во просториите на УТМС одржа обука на тема „Профил на современ директор на воспитно-образовна институција“, на која присуствуваа триесеттина директори на градинки и основни училишта од целата држава.
Како фасилиттатори на обуката се јавија Проф. д-р Константин Петковски и Проф. д-р Александра Стоилковска, при што професорот Петковски се осврна на значењето на стекнувањето на компетенции за водење на образовна институција, потоа на важноста на разбирањето на динстинкцијата меѓу лидерската позиција и секако за лидерството како процес на создавање на поддржувачи.
Професор, пак, Стоилковска зборуваше за осознавањето на општествена одговорност и нејзината поврзаност со создавањето и одржувањето на здрава организациска клима, градењето на организациската култура, како и создавањето организациски имиџ во опкружувањето.
Дел од студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент во контекст на градење на своите компетенции учествуваа во целокупната организација и логистика на настанот.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1334-obuka-za-direktori-na-gradinki-i-osnovni-uchilishta#sigProId2bbe6db136