Најнаградуваните турски готвачи и менаџери од реномирани ресторани и хотели од Република Турција, имаа можност да го споделат своето искуство и знаење со македонски кулинари и угостители.
Станува збор на манифестацијата „ Вечер на турската гастрономија“ што се одржа на 12. 11.2015 во хотелот „Холидеј Инн“, каде за присутните на вечерата, шефовите од Турција заедно со дел од најдобрите македонски готвачи, приготвија специјалитети од отоманската и современата турска кујна.
Оваа манифестација што ја организира Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во соработка со носителите на проектот “Вкусот на традицијата“, преставува само еден сегмент од активностите на делегацијата на турската федерација на готвачи „ТАШВЕД“, која во нашава држава ќе престојува пет дена.
На свеченета вечера говореа претседателот на „ТАШВЕД“ г-дин Јалчин Манав, носителот на проектот “Вкусот на традицијата“ г-ѓа Андријана Алачки и Деканот на Факултетот за туризам Доц. Д-р Сашко Граматниковски, кој како што истакна вклучувањето на Универзитетот во овој проект преставува сегмент од развојните цели на Факултетот за туризам, преку кои студентите од овој факултет имаат можност одблизу и практично да се запознаат со гастрономијата.
Воедно Универзитетот за туризам како домаќин на елитатата на турската гастрономија и кулинарство, на сите готвачи кои ја подготвуваа богата вечера, а меѓу кои се наоѓаа од најнаградуваните турски готвачи, односно Ведат Башаран, Ејуп Кемал Севинч, Ердем Дирбали, Јавуз Хошкал, Кадир Јилмаз, Мурат Сали, Онур Арслан, Онур Карачај и Јатих Јарбаши, им додели сертификати, додека на претседателот на “ТАШВЕД“ г-дин Јалчин Манав му подари артефакт од Република Македонија.
За време на петдневното гостување на делегацијата од Турција, покрај посета на угостителски објекти во Скопје, опфатена е посета на хотели и ресторани во Битола, Охрид, Струга, Гостивар и Куманово.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1326-utms-i-vkusot-na-tradicijata-organizatori-na-vecher-na-turska-gastronomija#sigProId16c53517ca