Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 15.11.2015 година ја емитуваше триесет и седмата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, Асс. м-р Јово Ратковиќ како водител заедно со неговите колешки Проф. д-р Александра Стоилковска и Асс. м-р Гордана Серафимовиќ согласно меѓународниот Ден на филантропијата, емисијата ја посетија токму на оваа тема.
Во емисијата се говореше за тоа што е филантропијата, односно за нејзината суштина, а стана збор и за образованието на студентите, односно колку УТМС ги подготвува студентите за идно учество во филантропски активности.
Универзитетот и со личен пример им дава насока на студентите како во иднина треба да делуваат. Имено основан е Фонд „Проф.д-р Љубе Миленковски“ кој обезбедува средства за стипендирање на талентирани студенти, како и финансиска поддршка за значајни активности во државата кои директно влијаат на подобрување на состојбите во образованието и науката. Токму за основање на овој фонд како и за преземаните активности во негов домен Универзитетот е трипати наградуван за поткревање на свеста за општествено одговорни практики и филантропија.