УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 22.11.2015 година ја емитуваше триесет и осмата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.

Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите од Универзитетот за туризам и менаџмент, емисијата ја посветија на темата „Посета на саемот за туризам во Солун“.

Имено, Доц. д-р Далиборка Блажеска како водител заедно со нејзиниот колега Доц. д-р Зоран Стрезовски и асс. м-р Ангела Миленковска говореа за значењето на саемите на туризмот како важен инструмент за промоција. Во емисијата посебно беше потенцирано дека Универзитетот за туризам и менаџмент ја спојува теоријата и практиката и токму во таа насока студентите заедно со наставниот кадар ги посетуваат саемите за туризам во земјава и надвор од неа. Минатата недела беше Саемот на туризам во Солун каде студентите се запознаваа со начинот на организација, поставување и брендирање на штандовите, настаните кои се реализираат со цел привлекување на посетителите, потоа какви туристички производи промовираат различни земји, како се промовираат хотелите, туроператорите, продажна промоција како и лична продажба на пултовите.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај