УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 29.11.2015 година ја емитуваше триесет и деветтата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.

Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент Асс. м-р Марина Стојмирова како водител заедно со нејзините колеги Асс. м-р Горан Апостоловски и Асс. м-р Андреја Мачкиќ, ја посветија на планината Водно, поточно парк-шумата Водно, нејзините туристички потенцијали како природни, така и антропогени.

Во емисијата се говореше за местоположбата на парк-шумата Водно и нејзините основни физички карактерики, угостителските објекти, односно дали ги има во доволен број, потоа како тие функционираат и дали ги задоволуваа потребите на посетителите. Стана збор и за парк-шумата Водно, како една целина се до локалитетот Матка.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).