Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје беше дел од манифестацијата Саем за вработување што го организираше Агенцијата за вработување на Република Македонија.
На Саемот кој се одржа на 03.12.2015 година во С.Ц. „Борис Трајковски“ учествуваа над 80 компании и организации, кои се вклучени во процест на создавање кадри. Претставувањето на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје се одвиваше преку активно учество во вмрежувањето со останатите учесници и присутни на саемот, како и размена на контакти и иницијативи за соработка. Меѓу останатите учесници, покрај УТМС на саемот присуствуваа и странски инвеститори, стопански комори, преставници од образовни институции, производители на храна, компании за софтвер и напредни технологии и хотели.
Саемот го отвори Вицепремиерот во Владата на Република Македонија, г-дин Владимир Пешевски кој ја поздрави иницијативата и ги охрабри напорите на двете страни, оние кои нудат и оние кои бараат работа за интензивирање на соработката.
Тимот на УТМС составен од Декан на Факултет за менаџмент на човечки ресурси Проф. Александра Стоилковска, Доц. д-р Љупка Наумовска, Асс. м-р Гордана Серафимовиќ, Асс. м-р Јово Ратковиќ, демонстратор Стефан Ристовски, Александар Стојановски, како и дел од студентите на факултетот за менаџмент на човечки ресурси, на оваа манифестација има своја презентација.
Во рамките на презентацијата УТМС ја истакна методологијата на работата, наставните единици кои функционираат во рамките на Универзитетот, академискиот кадар, како и Центарот за кариера, во чии рамки Универзитот организира проекти за пракси и вработувања на своите студенти како активен метод за вработување на своите студенти. Особено беше истакнат податокот за високата стапка на вработливост на своите студенти, чиј чинител е квалитетната методологија на учење, фокусот кон практична работа на студентите и изградената култура и реноме на Универзитетот.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1319-utms-so-svoja-prezentacija-na-saemot-za-vrabotuvanje#sigProId6832ace676