Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 06.12.2015 година ја емитуваше четириесеттата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент Асс. м-р Марина Стојмирова како водител заедно со нејзините колеги Доц.д-р Зоран Стрезовски и Асс. м-р Дејан Наковски, ја посветија туристичките вредности на Берово и Малешевијата и начин и можности за нивна промоција.
Во првиот дел од емисијата стана збор за природните и антропогени убавини на просторот на Малешевијата, нивната вредност и атрактивност како туристички потенцијали и туристички ресурси.
Во вториот, пак, дел се разговараше за туристичкиот маркетинг како и на кој начин е потребно општина Берово во иднина да ја реализира промоцијата на своите туристички убавини на меѓународни туристички саеми.