Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 13.12.2015 година ја емитуваше четириесет и првата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. д-р Сашо Кожухаров, Доц. д-р Зоран Стрезовски и демонстраторот Стефан Ристовски ја посветија на темата “Влијанието на макроекономските показатели за равој на туризмот во 2015 година“.
Во првиот дел од емисијата стана збор за економските показатели и движењата во туристичкиот сектор во Република Македонија, споредбено со оние на светско ниво, додека во вториот, пак, дел се разговараше за учеството на туристичкиот сектор во креирањето на БДП во нашава земја.