УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 20.12.2015 година ја емитуваше четириесет и втората емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.

Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент Доц. д-р Зоран Стрезовски, Доц. д-р Љупка Наумовска и Мила Георгиевска ја посветија на темата“Национално брендирање како основа за одржлив развој на туризмот“.

Во првиот дел од емисијата стана збор за брендирањето на одредени дестинации, односно како ова брендирање се разликува од брендирањето на компании или, пак, продукти, додека во вториот дел, се говореше за националното брендирање на Република Македонија, поточно во кој правец треба да се движи стратегијата за национално брендирање.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).