Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 03.01.2016 година ја емитуваше четириесет и четвртата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, односно Асс. м-р Марина Стојмирова како водител, заедно со нејзините колеги Асс. м-р Горан Апостоловски и Асс. м-р Андреја Мачкиќ, ја посветија на темата“Божиќ и Бадник како културни манифестации кои што привлекуваат голем број на туристи“.
Во првиот дел од емисијата стана збор за начинот на кој што почнале да се празнувааат Божиќ и Бадник и традицијата на Македонскиот народ за овие големи верски празници, додека во вториот дел, се говореше за начинот на кој што се прославуваат овие празници низ светот.