Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 17.01.2016 година ја емитуваше четириесет и шестата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, односно Асс. м-р Марина Стојмирова како водител, заедно со нејзините колеги Асс. м-р Горан Апостоловски и Асс. м-р Андреја Мачкиќ, ја посветија на темата“Водици во традицијата на македонскиот народ“.
Во првиот дел од емисијата стана збор за начинот на кој што е почнале да се празнувааат Водици и како станале манифестација што има масовен карактер на целата територија на Република Македонија, додека во вториот дел, се говореше за начинот на кој што се прославува овој празник низ светот.

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ