УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 24.01.2016 година ја емитуваше четириесет и седмата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.

Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, односно Асс. м-р Јово Ратковиќ како водител, заедно со неговите колешки Доц. д-р Далиборка Блажеска, и Доц. д-р Љупка Наумовска ја посветија на темата“Меѓународните саеми како алатка за унапредување на светскиот туризам.

Во првиот дел од емисијата стана збор за тоа како меѓународните саеми придонесуваат за развој на туризмот, и која е целта на престојниот саем во Мадрид Фитур, додека во вториот дел, се говореше за тоа како УТМС ги следи трендовите во глобалниот маркетинг и туризам, и каква е поврзаноста на УТМС и FITUR.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).