Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 31.01.2016 година ја емитуваше четириесет и осмата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, односно Асс. м-р Гордана Серафимовиќ како водител, заедно со нејзините колешки Доц. д-р Наташа Ристовска и Доц. д-р Јана Илиева ја посветија на темата“Културен туризам во Република Македонија“
Во првиот дел од емисијата стана збор за културата како еден од важните инструменти за европскиот модел на соработка на земјите, додека во вториот дел се говореше за дефинирањето на културноопт туризам, односно правилата, клучните елементи, економските показатели и секако предизвиците за равој на овој вид на туризам.