„ТУРИСТИЧКИ ВИТРАЖ“ НИЗ ГРАДСКИТЕ СКОПСКИ БУЛЕВАРИ

„ТУРИСТИЧКИ ВИТРАЖ“ НИЗ ГРАДСКИТЕ СКОПСКИ БУЛЕВАРИ

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, речиси една година емитува своја емисија на брановите на радио “Слободна Македонија“ насловена како “Туристички витраж“, каде говори за убавините на Република Македонија.

Секоја недела во терминот од 13 до 14 часот професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент подготвуваат и емитуваат емисија, која ја промовира Македонија од туристички аспект, при тоа опфаќајќи ги сите сегменти на туризамот. Почнувајќи од промоција на туризмот, економскиот аспект, менаџерските способности на вработените во оваа сфера, потоа промотивните потенцијали, културниот, верскиот и спортскиот туризам и секако воопшто развојот на оваа економска гранка.

Популарноста на оваа емисија која се следи ширум Македонија на брановите на националното радио, радио “Слободна Македонија“, од менаџментот на радиото е облежена и со промотивна кампања која вклучува реклама на градските скопски автобуси.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).