СО ДЕЛЕГАТИ ОД СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА И ТЕХНОЛОШКА ЕЛИТА СЕ ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТУРИЗМОТ 2018

СО ДЕЛЕГАТИ ОД СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА И ТЕХНОЛОШКА ЕЛИТА СЕ ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТУРИЗМОТ 2018

На настанот по повод Светски ден на турзмот кој се одбележува на 27.09.2018 година во Будимпешта, Унгарија, Светската туристичка организација UNWTO ги обедини највлијателните имињата од светот од областа на туризмот, технологијата и регулативата.
На средбата доминираа теми поврзани со дигитализација, туризам и развој. Клучните поенти беа во насока дека иновативниот туризам подразбира пристап до инветиторски еко системи и развој на иновативни туристички услуги. За таа цел потребно е сите страни да работат заедно и синхронизирано кон истата цел – што претставува и основен предуслов за туризмот да остане конкурентна и динамична гранка во современиот свет. Од Македонија присуствуваа претставници од единствената членка од државата на UNWTO – Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – проф. д-р Аце Миленковски, ректор и проф. д-р Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам.

View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1298-2018-2#sigProId050bea0837

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај